Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Националното помирување, прифатлива идеја за премиерот

/

пред 659 дена

Сподели преку :

Национално помирување и обединување околу стратешките цели е прифатлива идеја за премиерот, кој во новогодишното интервју за МИА вели дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политички актер, кој има идеја во корист на државните стратешки интереси.За него е добро, што оваа тема е се поприсутна во јавноста, и преку предложената платформа од коалиционите партнери од ЗНАМ, но и преку предлогот на Венко Филипче, да се изготви натпартиска стратегија.

Со Филипче досега не искомуницирал за оваа тема конкретно но, разменуваат по некоја реченица во Собранието.

Односите во владината коалиција ги оценува како исклучително квалитетни, а во моментов не размислува за каква било кадровска промена.

За ДУИ вели дека повторно се обидуваат преку етнички тензии и поларизација да го привлечат вниманието на јавноста.Загрижен е од фактот што, Ахмети знаел каде се наоѓа Груби и смета дека е логично да биде повикан на информативен разговор во обвинителството за деталите околу сегашната локација на поранешниот вицепремиер.

За натамошниот пат на евроинтеграциите нагласува дека реформи се потребни, но не смее да се дозволи билатералните проблеми да бидат одлучувачки критериум дали една држава ќе оди напред или не,  каков што е случајот со нашата. За тоа дали има поддршка за уставни измени со одложено дејство или можеби е во игра и некое друго креативно решение, Мицкоски вели дека досега ниту еден политичар не кажал „не“.

Тој е подготвен годинава да се сретне со високи бугарски претставници за да ги разгледаат сите можности, но вели дека нема да бара решение по секоја цена, што дополнително ќе го отежне  процесот. Секој договор, за него, мора да има јасен и предвидлив крај и затоа се обидува да постигне, почетокот на процесот да биде и крај.

Поддршка за евроинтеграцијата ќе побара и од стратешкиот партнер-САД, каде заминува на 18 јануари, на инаугурацијата на Доналд Трамп. Тврди дека се предвидени многу средби и разговори со водечките луѓе од администрацијата во Вашингтон.

Далиборка Демјанска