Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата година со стари проблеми – Скопје и денеска најзагаден град во Европа

/

пред 655 дена

Сподели преку :

Новата година со стари проблеми. Скопје и денеска најзагаден град во Европа, а на петто место во светот.  А партиите во зависност од тоа кој е на власт а кој во опозиција со меѓусебни обвинувања, а решение за аерозагадувањето и денес нема.

Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“,  нивото на штетни ПМ честички измерени во 12 часот во главниот град е 172 единици. Со вакви вредности воздухот е категоризиран како „нездрав“.

Од владејачката коалиција Вреди денеска со обвинувања до ДУИ дека нивните несоодветни кадри биле виновни за состојбата и за уништување на животната средина.

  • „Загадениот воздух и уништената животна средина се резултат на неодговорноста на поранешната власт, која го третираше Министерството за животна средина како неважна институција, доволна за некој да стане министер. Значи, за поранешната власт, Министерството за животна средина беше пазарен производ кој ги задоволи нивните негодувања“ велат од ВРЕДИ.

Од Вреди додаваат и дека откако се на власт на општините им се доделени 50 милиони евра со што ќе можат да развиваат значајни проекти од областа на животната средина. Притоа се набавиле и 6 еколошки автобуси, а се разгледува и можност за набавка на 100-120 електрични.

Претходно  ВМРО-ДПМНЕ кога беше во опозиција упатуваше критики до власта на СДСМ и ДУИ дека ништо не преземале. А сега СДСМ од улога на опозиција со истите обвинувања до ВМРО кои пак сега кога се на власт ветуваат мерки. Екологистите до сега одржаа два поголеми протести и побараа веднаш да се најдат решенија и мерки за загадениот воздух.

Пред три дена, Скопје беше најзагаден град во светот кога беа забележани 263 единици штетни ПМ честички. Годишно во Македонија како последица од загадувањето умираат над 3000 лица.

Марија Митевска