Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95

/

пред 651 дена

Сподели преку :

Најмалку 95 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени кој го погоди северното подножје на Хималаите во близина на светиот град во Тибет. Потресот беше силно почувствуван и во Непал, Бутан и Индија, јавуваат кинеските власти.

Земјотресот со епицентар во Тингри, се случил на длабочина од 10 километри. Кинеската државна телевизија потврди дека 130 лица се повредени.

Државната новинска агенција „Синхуа“ јави дека најтешко погодени се селата Чангсуо, Куло и Цуого во округот Дингри.

Соседен Непал соопшти дека не се пријавени жртви, но властите се мобилизирани за проценка на штетите.