Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје вечерва најзагаден град во Европа

/

пред 653 дена

Сподели преку :

Вечерва, Скопје е најзагаден град во Европа, а жителите се жалат на стрешен мирис во воздухот. Според податоците на платформата „Ај-Кју Ер“, концентрацијата на ПМ 2,5 честички во главниот град е 22 пати поголема од дозволената, а градот се наоѓа на 7. место на листата со индекс на загаденост од 186.

На социјалните мрежи, скопјани изразуваат загриженост за ситуацијата, со бројни сведоштва за неподносливите услови:

„Цело Скопје, сите населби, смрдат на отров, хемикалии, како гасна комора!“, вели еден од жителите.

Други додаваат: „Во Ново Лисиче не мириса на газија, ама мириса дека ќе фатиме рак на бели дробови“, а некои коментираат дека „целиот град мириса на смрт“.

„Цело Скопје е една голема депонија, вака ништо не се прави“, напишал друг корисник, истакнувајќи ја состојбата во загадениот град.

Жителите на Скопје се вознемирени, а многумина предупредуваат дека не се излегува од дома, особено оние со респираторни проблеми, како астма. Тие апелираат до властите да преземат мерки за намалување на загадувањето и заштита на здравјето на граѓаните.

Ситуацијата со загадувањето на воздухот и токсичниот мирис кој се шири низ Скопје , веќе неколку седмици е во центарот на јавната дебата.

Минатата власт не водела сметка за аерозагадувањето, а за премиерот тие што сега упатуваат критики биле политички глодари