Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дрин Ахмети нуди екслузивно интервју на Телма- ако сте искрени во борбата против корупцијата гледате на погрешна личност

/

пред 652 дена

Сподели преку :

По прилогот на ТВ Телма, Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кој беше објавено дека е во Америка и дека фирмите во Скопје поврзани со него (меѓу фирите е и Соравиа) имаат блокирани банкарски сметки додека обвинителството уште го истражува случајот, преку социјалната мрежа реагираше Дрин Ахмети.

Понуди интервју и тврди дека ако станува збор за борба против корупција в Македонија, погледот кон него значи поглед во погрешна личност.

Во продолжение ФБ постот на Дрин Ахмети:

Упатувам јавна покана на ТВ Телма за интервју.

Гледам дека тие се исклучително заинтересирани не само за мојот професионален живот, туку и за мојот приватен живот.

Добредојдени се во секое време за ексклузивно интервју ако нивните намери се искрени за борба против корупцијата во оваа држава, јас ќе им им покажам дека посочуваат на погрешна личност

Јас и мојата компанија сме подготвени да им ги обезбедиме сите документи за увид во нашиот бизнис, не само на домашно ниво, туку и на меѓународно.

Отворени сме за секој што ја бара вистината и не го користи нашиот случај за политички цели.

Телма и авторот на текстот му одговорија за договор за детали за интервјуто.

Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки, обвинителството и МВР сѐ уште го истражуваат