Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кливленд и без првата ѕвезда стигна до 12-тата победа по ред во НБА (ВИДЕО)

/

пред 632 дена

Сподели преку :

Кливленд продолжува да доминира во НБА-лигата сезонава, а утринава го победи Торонто со 132-126 за 12-ти триумф во низа. Кавалирс беа без својата прва ѕвезда Донован Мичел кој доби слободна вечер, па Дариус Гарланд го предводеше домашниот тим со рекордни во кариерата 40 поени. Џарет Ален имаше 18 поени со 15 скока, а Еван Мобли го заврши натпреварот со 21 поен и 11 скока. Скоти Барнс со 24 поени и 10 скока најмногу се истакна во тимот на Торонто.

Далас и без првите две ѕвезди Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг го победи Портланд со 117-111. Џејден Харди со 25 поени беше најефикасен кај Маверикс, а Пи Џеј Вашингтон имаше 23 поени и 14 скока.

Голден Стејт славеше кај Детроит со 104-107, Минесота исто така запиша гостински триумф во Орландо со 89-104, а на противничкиот паркет победи остварија и Мајами против Јута со 92-97, Феникс против Атланта со 115-123 и Хјустон во Мемфис со 115-119.

Натпреварот помеѓу Лос Анџелес лејкерс и Шарлот не се одигра поради големите пожари во Лос Анџелес во кои својата куќа ја загуби и тренерот на домашниот тим, Џеј Џеј Редик.