Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Окафор го напушта Милан и оди на позајмица во Лајпциг

/

пред 632 дена

Сподели преку :

Ноа Окафор го напушта Милан и сезоната ќе ја доигра во редовите на Лајпциг како позајмен играч. Швајцарскиот интернационалец немаше голема минутажа на „Сан Сиро“ поради големата конкуренција во нападот, а не му помогнаа и честите повреди.

Бундеслигашот ќе има опција целосно да го откупи договорот на Окафор следното лето за 25 милиони евра. За напаѓачот ова е враќање во фудбалската групација на Ред Бул, бидејќи претходно играше за Салцбург од каде и дојде во Милан во летото 2023 година за 15 милиони евра.