Собранието ја почна првата пленарна седница за 2025 година а на дневен ред се интерпелациите на Тошковски, Меџити и Стоилковиќ.
Ставовите на парламентарните партии пред денешната седница поделени, со мнозинство кое најавува поддршка за интерпелацијата против претседателка на Комисијата за социјална политика Даути, но спротивставување за останатите.
Интерпелацијата за работата на министерот Панче Тошковски, неговиот заменик, Астрит Исени и вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, поднесени од коалицијата „Европски фронт“ денеска се на дневен ред на Собранието. Покрај за нив, на денешната собраниска седница ќе се најде и интерпелацијата за пратеничката Илире Даути од „Европскиот фронт“ и претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.
Далиборка Демјанска се јави за Вестите на Телма во 12.30











