Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Израелската војска со воени трупи влезе во Џабалија

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Израелската војска утрово објави видео на кое се гледаат нејзините трупи како дејствуваат во Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа.

Израелските сили постојано се враќаа во Џабалија, град и густо населен урбан бегалски камп кој датира од војната во 1948 година.

Северниот дел од малата енклава веќе го претрпе најтешкото уништување на конфликтот и е опколен од израелските сили од почетокот на војната.

Министерството за здравство на Газа во четвртокот соопшти дека 46.006 Палестинци се убиени, а 109.378 се ранети во војната меѓу Израел и Хамас, на која за сега не и се гледа крајот.

Министерството, кое не прави разлика меѓу борци на Хамас и цивилни жртви сепак истакнува дека повеќе од половина од загинатите се жени и деца.

Израелската војска соопшти дека убила над 17.000 милитанти, без притоа да обезбеди докази за ваквите тврдењa.

Го обвинува Хамас за смртта на цивилите, бидејќи вели дека милитантите дејствуваат во станбени области.

Израелските воздушни и копнени операции протераа стотици илјади Палестинци во шаторски кампови долж брегот со ограничен пристап до храна и други основни работи.

Војната започна кога милитантите предводени од Хамас упаднаа во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи околу 250.

Се верува дека третина од 100-те заложници кои сè уште се држат во Газа се мртви.