Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клеман најбрз на слаломот во Аделбоден

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Ноел Клеман победи на слаломската трка во швајцарски Аделбоден одржана денеска во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Францускиот скијач до својата 13-та победа во кариерата во Светскиот куп дојде со вкупно време по двете трки од 1:51,53 минути. Зад него со само две стотинки послабо време финишираше Лукас Пињеро Братен од Бразил, а трет беше Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, кој останува лидер во оваа дисциплина со 375 бодови. Денешниот победник Клеман е втор со 340 бодови, а трет е Лоик Мелјард со 325.

Во генералниот поредок води Марко Одермат со 630 бодови, пред Кристоферсен кој има 574 бодови.

Утре во Аделбоден скијачите ќе се натреваруваат во велеслалом.