Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Азербејџан го затвори „вентилот со гас“ за Србија

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Азербејџан од денеска веќе не и испорачува гас на Србија, потврди српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како што информира, во известувањето од Азербејџан, пишува дека поради виша сила, земјата не може да испорачува гас.

Станува збор за околу 1,7 милиони кубни метри гас кој дневно беше испорачуван на Србија.

Вучиќ уверува дека нема да има недостиг на гас и други горива во Србија.

Одлуката на Азербејџан доаѓа еден ден откако Соединетите држави воведоа санкции за нафтената индустрија на Србија, со барање Русија да се повлече од сопственоста на компанија „НИС“.

Висок претставник на американскиот Стејт департмент денеска изјави дека Србија нема да има никакви економски последици ако ја отстрани Русија од сопственичката енергетска структура на компанијата.

Во нафтена индустрија на Србрија, руските компании имаат повеќе од 56 отсто од акциите, а државата 29,87 отсто.