Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО + ВИДЕО) Над 50 повредени во судар на трамваи во Стразбур

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Стравичен судар на два трамваи се случи денеска во Стразбур, а според првичните информации во несреќата повредени се над 50 лица.

Несреќата според пишувањата на локалните медиуми се случила во тунел во близина на железничката станица во Стразбур.

Надлежните служби наведуваат дека 15 лица се пренесени во болница, а според последните извештаи, никој не е сериозно повреден во несреќата.

Во трамваите во моментот на сударот имало околу стотина луѓе, а според првичните информации, машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај, објави „Фигаро“.

Противпожарната и спасувачката служба соопшти дека се мобилизирани бројни ресурси и се на терен.