Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екологистите бараат дислокација на депонијата Русино

/

пред 2280 дена

Сподели преку :

Расте револтот и загриженоста кај жителите на Гостивар, бидејќи речиси еден месец гори отпадот во Депонијата Русино, а чадот се жири и низ градот. Секојдневно преку социјалните мрежи се објавуваат фотографии и видеа на кои може да се види дека состојбата е сериозна и бара итна интервенција. Екологистите се сомневаат дека ѓубрето намерно се пали и бараат да се најде локација за депонија со стандарди.

Русино е одредена како регионална депонија за Полог, а нејзиното стандардизирање треба да отпочне во рамки на проектот „Управување со цврст отпад во Полошкиот регион“. Општинските совети требаше до крајот на овој месец да именуваат членови на Управниот и на Надзорниот одбор на Заедничко јавно претпријатие „Русино / Полог“, но постапката најпрво беше одложена поради пандемијата, а сега дополнително поради одржувањето на парламентарните избори.

Откако ќе профункционира ЗЈП „Русино/Полог“, истото треба да работи по стандарди. Предвидено е да има две претоварни станици, една во Тетово, каде што ќе се транспортира отпадот од тетовските општини и една во Маврово и Ростуше.

Данијела Билбилоска