Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 24 лица загинаа а голем број се исчезнати во пожарите во Лос Анџелес

/

пред 640 дена

Сподели преку :

Пожарите во Лос Анџелес, кои траат веќе една недела, опожарија област со големина на Вашингтон и однесоа најмалку 24 животи.

Изминатиот период повеќе од 26 лица беа пријавени за исчезнати, дел од нив се спасени а по дел се уште се трага.

Над 90.000 од погодениот регион беа принудени да ги напуштат своите домови.

Во борбата против овие пожари се приклучија 72 мексикански пожарникари, составени од воени експерти и пожарникари од мексиканскиот еквивалент на Шумската служба на САД.

Тие ќе работат како поддршка за пожарникарите од седум држави и Канада.

Мексиканскиот тим ќе се фокусира на одржување на заштитните линии и, ако е потребно, директно ќе се вклучи во гаснењето на пожарите.

Распоредувањето на пожарникарите од Мексико може да трае од една до три недели.