Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел го ратификуваше прекинот на огнот- борбите во Газа треба да престанат во недела

/

пред 636 дена

Сподели преку :

Израелската влада рано утрото на 18-ти јануари го ратификуваше договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување заложници, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Состанокот на владата на која беше донесена пдлуката траеше повеќе од шест часа, објави новинската агенција Франс Прес.

Прекинот на огнот треба да започне во недела кога ќе се ефектуира краотј на борбите и бомбардирањето во најсмртоносната војна во Газа во историјата.

Договорот ќе овозможи ослободување на заложниците кои се уште ги држи Хамас, откако беа заробени во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година. Во замена ќе бидат ослободени стотици палестински затвореници од израелските затвори.

Израелското Министерство за правда објави дека 737 затвореници и притвореници ќе бидат ослободени во текот на денешниот ден 18-ти јануари, како дел од првата фаза од договорот.

Наумовски: Трамп испрати свој специјател пратеник таму, којшто беше клучен во постигнување на ова примирје