Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хрватска пронајде пестициди во македонски свежи зелки – наредено уништување на целата пратка

/

пред 642 дена

Сподели преку :

Во зелки увезени од Македонија се откриени остатоци од пестицидот Имида – Клоприд, што е забранет во Европската Унија (ЕУ). Супстанца е пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, пишуваат хрватските медиуми.

Хрватските инспектори уште на граница наредиле да се уништи целата пратка свежа зелка од Македонија, но не објавуваат за колкава количина станува збор.

Комисијата на ЕУ има донесено забрана за употреба на овој пестицид, бидејќи делува штетно врз срцето, бубрезите, тироидната жлезда и мозокот и може да предизвика невролошки симптоми, вклучително и респираторна инсуфициенција и смрт.