Израел нема да го спроведе договорот за прекин на огнот додека не добие список до 33 заложници кои Хамас се обврза да ги ослободи во првата фаза, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Нема да го спроведеме договорот додека не добиеме список со заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира кршење на договорот. Одговорноста е исклучиво на Хамас“, се вели во соопштението на Нетанјаху, пренесува „Ројтерс“.











