Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши зимскиот распуст, од утре учениците во клупи – родителите бараат одложување на второто полугодие поради грипот

/

пред 642 дена

Сподели преку :

Дел од родителите поради сè поголемиот број заболени од грип сметаат дека распустот треба да биде продолжен. Но, денеска од Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие за основците и средношколците почнува утре, 20 јануари. А наставата завршува на 10 јуни, освен за матурантите за кои редовната настава завршува на 16 мај годинава.

По повод почетокот на вториот дел од учебната година, министерката за образование и наука Весна Јаневска на учениците, наставниците и родителите им посака успешно совладување на новите предизвици, нагласувајќи дека секој треба да придонесе во градењето пријателски и безбедни училишта, во кои владее култура на разбирање и соработка.