Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Протести во Белград пред Министерството за образование, студентите ги поддржаа наставниците кои најавуваат штрајк на првиот ден од новото полугодие

/

пред 623 дена

Сподели преку :

(ФОТО, од видео објавено на социјална мрежа) На голем протест во Белград, студентите кои веќе два месеци протестираат против состојбите во српското општество по трагедијата во Нови Сад, денеска ги поддржаа наставниците кои најавуваат штрајк на првиот ден од новото полугодие.

Демонстрантите по 15-минутниот молк за настраданите во Нови Сад се собраа пред Министерството за образование на Србија. Протести се одржаа и во други градови ширум Србија.


Властите веќе им испратија известување на наставниот кадар во училиштата да почнаѕ со редовна настава, а доколку не го сторат тоа, инспекцијата ќе оди на терен и ќе пишува казни, од парични до откази.

Првото полугодие заврши порано со одлука на владата на Србија поради бранот протести организиран од студенти, ученици и професори.

Кон нив неколкупати беа применети и насилни активности, а особено вознемирувачки беше настанот кога возач тргна на младата студентка Соња Поњавиќ која беше на блокада на белградска улица, ја качи на хауба од која девојката падна и беше повредена.