Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје без парно греење поради зголемени загуби на вода

/

пред 628 дена

Сподели преку :

Во повеќе делови од Скопје утрово жителите се без парно греење. Од ЕСМ Снабдување информираат дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија.   Парно греење нема во делови од скопските населби Ново Лисиче, Аеродром но и во други населени места.

Од ЕСМ Снабдување соопштуваат дека екипите на  Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.

Очекувањата се дека за бргу ќе биде нормализирано снабдувањето.