Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп помилува над 1.500 осуденици за упадот во Капитол кога изгуби на изборите, ги повлече САД од Светската здравствена организација, поништи десетици одлуки на Бајден- Прв ден на најстариот избран претседател на САД

/

пред 633 дена

Сподели преку :

Трамп ги потпиша првите извршни наредби како претседател на САД.

Новиот американски претседател Доналд Трамп ја положи заклетвата како 47-ми претседател на САД, почнувајќи со тоа уште еден четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги помести границите на извршната власт, ќе депортира милиони имигранти и ќе ја промени улогата на САД на светската сцена.

Се врати во Овалната соба на Белата куќа каде што ги помина првите неколку часа како старо-нов американски претседател потпишувајќи извршни наредби и укинувајќи ги одлуките на поранешниот претседател Џо Бајден.

Меѓу другото, тој помилува околу 1 500 лица обвинети за учество во нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година, кога Трамп го оспоруваше сопствениот изборен пораз. Најголем дел од амнестираните при упадот во Конгресот не учествувале во насилствата против полицајците тој ден иако има и припадници на  националистички крајно десничарски групи.

Трамп потпиша одлуки за итно замрзнување на овластувањата на „бирократите на Бајден додека новата администрација целосно не ја преземе контролата. Меѓу извршните наредби кои ги потпиша на првиот ден од стапувањето на функцијата беа и одлуката за повлекување од Парискиот договор за климата, одлука за крај на владината цензура на говорот, одредба која бара од сите федерални агенции да ги зачуваат сите записи поврзани со „политичкиот прогон“ за време на претходната администрација.

Новиот американски претседател Доналд Трамп исто така потпиша и одлука со која САД ја напуштаат Светската здравствена организација (СЗО).

Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина