Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потребни им се подобри „валкани“ трикови, порача Маск по обвинувањата дека употребил нацистички поздрав на инаугурацијата на Трамп

/

пред 633 дена

Сподели преку :

Врската која „процвета“ помеѓу новиот американски претседател Доналд Трамп и најбогатиот човек на светот Илон Маск можеше да се види за време на вчерашната инаугурација во Вашингтон.

По церемонијата во Конгресот, Трамп и сите негови соработници отидоа во Capitol One арената, која се наоѓа недалеку од Капитол Хил, каде присуствуваа на митинг.

Основачот на SpaceX и Tesla, и сопственик на платформата Х се појави на сцената и од публиката беше пречекан како рок ѕвезда.

Значи, вакво е чувството да се победи. Да! Ова не беше обична победа, ова беше крстопат на патот на човечката цивилизација. Знаете, има избори кои само поминуваат, некои се важни, некои не, но овие избори, овие избори беа навистина важни. Сакам да ви се заблагодарам затоа што го овозможивте ова. Ви благодарам. Моето срце за вас, порача Маск замавнувајќи со раката од градите кон публиката, гест кој на крајот многу наликуваше на нацистичкиот поздрав.

Тоа предизвика бројни реакции во американската и светска јавност, што го принуди милијардерот да се обрати преку својата платформа.

Искрено, потребни им се подобри валкани трикови. Нападот дека „секој е Хитлер е многу истрошен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)