Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бесплатна прошетка низ Пекинг за патниците кои ќе останат повеќе од осум часа на аеродромот во Пекинг им се нуди бесплатна прошетка со локален туристички водич

/

пред 637 дена

Сподели преку :

Доколку се најдете на аеродромот во Пекинг и потребно е да чекате повеќе од 8 часа за друг лет, времето можете да го искористите запознавајки ги убавините на Пекинг и тоа со локален туристички водич бесплатно.

Тоа од 27 декември  го овозможува кинеската туристичка агенција Trip.com.group .

Бесплатната понуда вклучува повеќе јазични водичи, бесплатен интернет и билети за повеќе атракции, а оваа понуда до сега ја искористиле повеќе од 600 патници.

Целта на оваа идеја е да се запознаат странските лица со Пекинг и кинеската култура.

Една туристка од  Чешка задоволно вели дека желбата да го посети кинескиот ѕид  уште како дете и се остварила.

Од 30 Ноември минатата година до крајот на оваа година Кина ги укина визите за повеќе држави вклучувајки ја и Македонија , а ексурзиите до таму чинат околу 2000 евра.

Мартин Трајчевски