Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден ден по страшниот пожар огнот во турскиот ски-хотел сè уште тлее, а напорите за негово гаснење продолжуваат

/

пред 636 дена

Сподели преку :

Спасувачките екипи се уште трагаат по настрадани и по еден ден по пожарот што усмрти најмалку 76 лица во 12-катен хотел во ски-центар во северозападна Турција.

Најмалку 51 лице е повредено во пожарот во хотелот Гранд Картал во Карталкаја, во планините Короглу во провинцијата Болу, на околу 300 километри источно од Истанбул.

Пожарот се случи непосредно пред почетокот на двонеделниот зимски распуст за училиштата, кога хотелите во регионот се преполни.

На поцрнетите прозорци од објектот се уште може да се забележат чаршафи, кои гостите ги користеле во обид да ја избегнат стихијата.

Во хотелот  за време на несреќата имало 238 регистрирани гости.

Владата назначи шест обвинители да ја водат истрагата за пожарот, за кој се верува дека започнал во делот на ресторанот.

До сега девет лица се приведени во рамките на истрагата изјави турскиот министер за внатрешни работи Јерликаја, а министерот за правда, Тунч. Соопшти дека меѓу нив е и сопственикот на објектот.