Заврши инсталацијата на новата компресорска станица и системот за компримиран воздух на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Министерството за здравство информира дека во рамки на проектот, биле монтирале три компресори и друга потребна опрема, како и цевен развод и приклучни места за снабдување на оперативни сали.
Во моментот се изведува пробна работа на системот, а по нејзиното завршување, ќе се одреди термин за прекин на снабдувањето со компримиран воздух и поврзување со останатите корисници во комплексот.
Поради мирис кој се ширеше во дел од хируршките сами, подолго време беа одложувани операции, а пациентите беа препраќани во другите хируршки центри во Скопје и по другите градови.
Потоа за да бидат ставени во функција беа поставени надворешни компресори, кои се користеа како преодно решение до поставувањето на новиот компресорски систем.
За случајот беше покрената и истрага, а примероци за испитување беа испратени во Германија.











