Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синер без проблеми до полуфиналето на АО: Го збриша домашниот фаворит Де Минор (ВИДЕО)

/

пред 619 дена

Сподели преку :

Бранителот на трофејот на Австралија опен, Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на грен слемот, каде што ќе се соочи со Бен Шелтон.

Синер во три доминантни сета со 6-3, 6-2 и 6-1 го победи домашниот фаворит Алекс де Минор. Италијанецот сега има скор од 10-0 во меѓусебните дуели со Австралиецот.

Во полуфиналето, првиот фаворит ќе се соочи со Бен Шелтон, кој во првото четвртфинале денеска го елиминираше Лоренцо Сонего во четири сета, 6-4, 7-5, 4-6 и 7-6.

Второто полуфинале е Новак Ѓоковиќ против Александер Зверев, а натпреварите се играат во петок.