Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Андреас Трајковски испишува историја за Македонија на митингот во Белград

/

пред 619 дена

Сподели преку :

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски ќе настапи на митингот во сала во Белград од златната категорија на светската атлетика.

Трајковски доби покана од организаторот за настап на овој престижен митинг и ќе биде првиот Македонец, кој некогаш настапил на натпреварување од оваа категорија.

Во Белград ќе се натпреварува елитата во скок во далечина, меѓу кои ќе биде и олимпискиот шампион Милтиадис Тентоглу од Грција. Митингот ќе стартува на 29-ти јануари.

Нашиот репрезентативец имаше одличен старт на сезоната во сала и на митингот во Архус, Данска го освои 3.место со прескокнати 7,65 метри.