Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентите во Србија повикаа на генерален штрајк

/

пред 619 дена

Сподели преку :

Во Србија денеска започнува генерален штрајк организиран од студентите, кои повикаа на „општа граѓанска непослушност“. Граѓаните ќе го поддржат штрајкот со тоа што нема да одат на работа, на предавања и нема да ги извршуваат секојдневните обврски.

Блокадите ќе се одржат на повеќе локации во земјата, а во 11:52 часот ќе има оддавање почит за жртвите на железничката несреќа во Нови Сад. Во 14 часот е закажан протест пред Претседателството на Србија.

Поддршка на акцијата најавија синдикати, компании, политички партии и невладини организации. Вклучени се и медиуми, културни институции и ресторани. Во исто време, претседателот Вучиќ формира ново “народно движење”.