Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Федерален судија ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање

/

пред 634 дена

Сподели преку :

Федерален судија во САД, ја блокираше наредбата на претседателот Доналд Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање за деца на имигранти и странски посетители кои немаат американски документи.

Оваа одлука следи по тужби поднесени од четири сојузни држави и повеќе организаци за граѓански права, кои ја оспоруваат уредбата како неуставна.

Судската пресуда има важност од две недели и се однесува на целата земја. Трамп ја објави наредбата со цел да се намали нелегалната имиграција, додека неговата администрација се надеваше на нејзино имплементирање до средината на февруари.