Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

10 деца заболени од грип на интензивна нега, меѓу нив две на кислородна поддршка

/

пред 630 дена

Сподели преку :

Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле бележи зголемен број на амбулантски прегледи и хоспитализации, особено последниве денови. Во моменов се хоспитализирани 65 пациенти.

Од нив 10 се на интензивна нега, а меѓу нив две деца се ставени на кислородна поддршка. Бројот на заболени од грип во земјата продолжува да расте.

Изминатата недела се регистрирани 1.412 случаи, што е за над 34 отсто повеќе во споредба со претходната.

Сепак бројот на заболени во споредба со истиот период од минатата сезона е помал за 15,7%. Најголемиот број на случаи се пријавени во Скопје. Очекувањата се пикот на грипот де биде во средината на февруари.