Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет рочишта за седум предмети против Мерко се одржаа во Основниот суд во Струга

/

пред 636 дена

Сподели преку :

Во струшкиот Основен суд денска продолжи главната расправа против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта во селата Подгорци, Лабуништа, Радолиште и Велешта.

Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е обвинет само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на службена должност, 4 лица се обвинети и за кривично дело фалсификување.

На предлог на одбарната на Мерко, денска пред судот сведочеше поранешниот министер за образование Јетон Шакири, кој рече дека додека бил на оваа функција до него не стигнале информации дека на основните училишта во Струга биле назначувани в.д директори кои не ги исполнуваат условите.

Кај мене не е доставен предлог или извештај од Секторот за образование за конкретните ситуации. Причината не ми е позната.  Знаете дека во Макеоднија има и други училишта каде институциите не можат да најдат соодветен човек, вели Шакири.

Попладнево во Основниот суд во Струга треба да започне судењето за најновото обвинение на струшкиот градоначалник во кое тој се товари за поттикнување етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, затоа што поставил спомен плоча на влезот од општинската зграда испишана на албански јазик, обележје за кое јавноста реагираше дека се велича фашистичката окупација.

Судењето за предметот во коj Мерко е обвинет за злоупотреба на службата, затоа што набавил 4 службени возила меѓу кои е и луксузното ауди, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, ќе започне од почеток.

Сите предмети кога се променува судечкиот судија почнуваат од почеток, вели судијата Јордан Јованов од Основниот суд Струга.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко од лани е на црната листа на САД поради вмешаност во корупција и влијание во судски процеси, а веднаш потоа Обвинителство почна со поднесување на серија обвиненија. Во  судовите во Струга и во Битола, против струшкиот градоначалник се водат вкупно девет активни судски постапки, а во секоја му е запретена и затворска казна

Емилија Мисирлиевска