Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

/

пред 636 дена

Сподели преку :

Едно лице загина во тешка сообраќајна незгода која се случи попладнево на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Лицето Б.П. бил сопатник во автомобил што денеска излета од експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, при што го загуби животот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Возилото излетало од патот и се превртело во близина на клучката на експресниот пат кај Крива Паланка.

Според информациите од СВР Куманово, несреќата се случила околу 14 часот.

– Денеска во 14 часот во Одделот за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на експресен пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Б.С. излетало од патот.

Во незгодата, осумдесетгодишниот сопатник Б.П. починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и сопатникот М.П. – информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.