Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Ќебапчињата на Груби и иновациите на Дрин Ахмети

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Финансиската полиција отвори предмет по барање на Фондот за иновации и технолошки развој за субвенциите кои ги даваше оваа институција, а фирмите не ги завршиле проектите поради што е одлучено да ги вратат парите. Меѓу нив се и две фирми во сопственост на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Но, КОД открива дека државна финансиска помош од ФИТР добиле уште две фирми кои индиректно се поврзани со младиот Ахмети. Дрин Ахмети тврди дека се е чисто и дека проектите им се прекинати иако тие ги реализирале.

Во вечерашното издание на КОД (26.01.2025.) и за тендерите за храна и кетеринг кои ги спроведувало Министерството за политички систем во време на сегашниот бегалец, а тогашен вицепремиер Артан Груби, како и за други неправилности кои се откриени во ова министерство. Откриени се и други неправилности.

Емисијата КОД е во редовниот термин по вечерните вести на Телма во 19:15, секоја недела.