Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синер подобар од Зверев на АО: Трета грен слем титула за Италијанецот (ВИДЕО)

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен откако денеска во три сета го победи Александер Зверев во големото финале. 

Италијанскиот тенисер победи со 6-3, 7-6 и 6-3 против Германецот и ја освои третата грен слем титула во кариерата, а втора по ред на Австралија опен. Синер има неверојатна серија од 21 победа по ред на тврда подлога на грен слемовите, бидејќи во 2024 година славеше на Австралија опен и Ју-Ес Опен, а серијата продолжи во Мелбурн и оваа година. Во денешното финале Зверев не можеше да направи ниту еден брејк, а Синер уште еднаш докажа дека неговата игра на базната линија е на врвно ниво, како и психолошкиот момент да се носи со притисокот. 

За Германецот ова беше трето грен слем финале и трет пораз, откако претходно губеше за титулата на Ролан Гарос во 2024 и Ју-Ес Опен во 2020 година.