Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клеман најбрз на слаломот во Кицбил (ВИДЕО)

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Ноел Клеман триумфираше на слаломската трка во Кицбил во Светскиот куп, што беше негова четврта сезонава во најтехничката дисциплина.

Францускиот скијач до победата дојде со вкупно време по двете возења од 1 минута, 41 секунда и 49 стотинки. Алекс Винацер од Италија беше втор со девет стотинки послабо време, а третото место го освои Лукас Пињеро Братен од Бразил со 19 стотинки заостанување.

Клеман води во слалом со 464 бодови пред Хенрик Кристоферсен со 435, а трет е Лоик Мељард со 370 бодови. Во генералниот поредок води Марко Одермат со 1.006 бодови, пред Кристоферсен, кој има 634.

Во вторник и среда скијачите ќе се натпреваруваат во Шладминг во велеслалом и слалом.