Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оклахома го презема врвот во НБА-лигата по триумфот во Портланд (ВИДЕО)

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Утринава во НБА-лигата на програмата беше само еден натпревар. Оклахома им се врати на победите по поразот од Далас пред три дена. Утринава Тандер славеше на гостувањето кај Портланд со 118-108.

Шаи Гилџеус Александер имаше 33 поени за победничкиот состав, а Џејлен Вилијамс имаше 24 поени и осум асистенции. Во редовите на Треилблејзерс, Дени Авдија запиша 28 поени.

Оклахома сега е најдобриот тим во лигата со ефект од 37 победи и 8 порази и го надмина Кливленд, кој е во лоша серија од три порази по ред и остана на 36 победи и 9 порази.