Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дотраени автобуси на улиците, а не саботажа како што се сомнева директорот, тврди синдикатот на ЈСП

/

пред 633 дена

Сподели преку :

Директорот на ЈСП се сомнева во саботажа, синдикатот со контра став дека по улиците крстарат дотраени автобуси. Тврдат дека сомнежите на директорот не се точни и гарантираат дека од гаражите излегуваат исправни, а не саботирани автобуси.

Проблемите наместо да се решаваат, партиски се распламтуваат.

Периодот на амортизација е од 4 до 6 години. Не знам што може да очечуваат скопјани каков квалитетен превоз да очекуваат од автобуси кои се веќе 15 години по улиците на скопје и кои имаат преку 2 милиони километри во нивните гуми. Така да мислам дека е време да тие автобсуи одат во старо железо и низ улиците на скопје да крстосуваат нови автобуси или некој друг проект за да овозможиме на скопјани да си имаат брз, ефтин и безбеден јавен градски превоз изјави Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП.

Телма контактираше поранешен директор на претпријатието кој вели дека процедурата е кога возачот ќе ја заврши неговата линија и вечерта го паркира возилото во една од гаражите, доколку има проблем го пријавува на дежурниот во сервисот и се прави писмена белешка.

Доколку ноќта дефектот е поправен, утрото автобусот се пушта во сообраќај со подготвен записник и потпис од одговорниот во гаражата и сервисот дека дефект нема.

Синдикатот тврди вината не може да се препише на вработените кои даваат согласност дека се пуштаат исправни автобуси.

Во ЈСП пропаѓале и ќе пропаѓаат стотици тендери за набавка на делови. Дали тоа биле пневматици, шоферпајбни компјутери, дизни гурртни улје било што пропаѓаат не знам зашто треба да се запрашаат и го монтираме и ги сервисираме автобусите на начин како што знаеме и умееме затоа што имаме многу сервисни работници што се искусни, стручни и недозволуваат автобусите во таква состојба да излезат на улиците на град С копје, меѓутоа што да очекуваме од амортизиран автобус, не можеме да очекуваме ништо рече Стојановски.

Пред два дена автобус на ЈСП се запали во Сопиште и за неколку минути целосно изгоре. Пожарот во автобусот со број 58 избил во задниот дел и најпрвин го забележало комбе кое се движело позади него.

Никој од патниците не е повреден, но вознемирени за Телма велеа дека едвај спасиле жива глава.

И во јули, минатата година се запали автобус на ЈСП во Бутел. Причината тогаш беше електричната инсталација. Истиот месец претходно се запали мотор на автобус во Транспортниот центар кај Железничка.

Симона Петровска