Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полска ќе ги презентира приоритетите за време на претседателствувањето со Советот за општи работи на ЕУ

/

пред 626 дена

Сподели преку :

Полскиот министер за Европската Унија, Адам Шлапка, денеска ќе ги презентира приоритетите на Полска како претседавач на Советот за општи работи на Европската Унија, во првата половина на 2025 година.

Главен акцент ќе биде ставен на осигурувањето на поголема безбедност за Унијата, која ќе се покрие со седум клучни димензии: надворешна безбедност, внатрешна безбедност, кибер-безбедност, економска, енергетска, прехранбена и здравствена.

Полска ја презема оваа задача во време кога Европа се соочува со значителни предизвици, особено поради вооружената агресија на Русија врз Украина и порастот на геополитичките тензиции.

Во овој контекст, Полска ја нагласува потребата од зајакнување на европскиот одбранбен капацитет и засилување на заштитата на европските граѓани.

Според претседателството, овој период ќе биде време на донесување клучни одлуки за иднината на Унијата, при што единството на земјите-членки е клучно.

Едно од важните прашања што ќе се разгледуваат е и годишниот дијалог за владеење на правото, кој ќе вклучува дискусии за состојбите во правосудниот систем и антикорупциските реформи во земјите членки на ЕУ, како и во некои од земјите од Западен Балкан.

За првпат во Извештајот на Европската комисија за владеење на правото, се вклучени Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија, што ќе помогне да се поддржат нивните напори за усогласување со европските стандарди и за напредок во процесот на пристапување.