Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На северот на Газа се вратија над 300.000 раселени Палестинци

/

пред 630 дена

Сподели преку :

Над 300.000 раселени Палестинци се вратија на северот на Појасот Газа, откако израелската армија го одобри нивното враќање, соопшти канцеларијата за медиуми во Газа, пренесе Ал Џезира.

Враќањето претходно беше одложено за 48 часа откако Израел ја обвини палестинската милитантна група Хамас дека ги прекршила условите од договорот за прекин на огнот со тоа што не го ослободила заложникот Арбел Јехуд.

Хамас претходно потврди дека до крајот на оваа недела ќе ослободи вкупно шест израелски заложници, вклучувајќи го и Јехуд.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 19 јануари.