Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп го повика Конгресот да го зголеми финансирањето на безбедноста на границите

/

пред 630 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека очекува Конгресот да усвои нацрт-закон кој вклучува зголемено финансирање за националната гранична безбедност.

Ваквите негови коментари тој ги даде за време на неговиот говор пред републиканците во Претставничкиот дом собрани во неговото одморалиште Дорал во Мајами за да разговараат за тоа како да се преточат политичките приоритети на претседателот во законодавна агенда.

  • Во наредните недели, со нетрпение очекувам да работам со Конгресот на нацрт-законот за обезбедување на буџетот кој финансиски ги исполнува нашите планови за целосно и трајно враќање на суверените граници на Соединетите држави еднаш засекогаш, рече Трамп…

Зголемувањето треба да вклучи, рече тој, финансирање зголемен број на персонал за граничната безбедност и бонуси за да се обезбеди задржување на персоналот за имиграција и царина и службениците на граничната патрола.