Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина 60-годишен кумановец од Ковид-19

/

пред 626 дена

Сподели преку :

Од 20 до 26 јануари, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19 од Куманово. Станува збор за пациент над 60 години кој имал комобидитети, а починал во болнички услови. Од Институтот за јавно здравје информираат дека лицето било вакцинирано против Ковид-19 со две дози вакцина – последна доза пред повеќе од три години.

Регистриран е и еден нов случај на Ковид-19. Станува збор за лице од Струга. Минатата недела евидентирани биле три оздравени лица.

Во текот на годината, заклучно со 26 јануари, регистрирани биле вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во јануари е за 2,3 пати поголем во однос на декември.

  • Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица, нагласуваат од ИЈЗ.