Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По Вучевиќ оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад- студентите велат остануваме на блокадите

/

пред 630 дена

Сподели преку :

По српскиот премиер Вучевиќ неотповиклива оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Оставката следува по нападот на студенти во Нови Сад, кои биле нападнати и тепани од група мажи со безбол палки, а еден ученик е пренесен во Ургентниот центар.

  • „Како некој кој верува во моќта на дијалогот и меѓусебното разбирање, верувам дека прифаќањето на одговорноста и поднесувањето оставка е моја човечка и политичка обврска и морална должност“, се вели во изјавата на Ѓуриќ.

Сепак студентите бараат исполнување на сите нивни права.

  • „Оставката на Милош Вучевиќ ми се чини дека е обид да се смират страстите кои секојдневно се разгоруваат“, вели Алекса Нешовиќ, студент на Градежниот факултет.

Зборувајќи за повикот за дијалог што Александар Вучиќ го упати до студентите, тој нагласи дека барањата на студентите се „дефинирани“. На сите им е јасно дека нема да ја напуштиме блокадата додека целосно не се исполнат нашите барања“, рече Нешовиќ.

Од помилување, преку реконструкција на владата, до советодавен референдум за негова поддршка – Вучиќ вети дека сите барања на студентите ќе бидат исполнети