Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ахмед ал Шара официјално назначен за преоден претседател на Сирија- тој побара Москва да го екстрадира Башар ал Асад

/

пред 628 дена

Сподели преку :

Лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара денеска официјално беше назначен за преоден претседател на Сирија, јади ДПА.

Портпаролот на Одделот за воени операции, полковник Хасан Абдул Гани соопшти дека Ал Шара ќе биде претседател на земјата во преодната фаза.

  • Го објавуваме назначувањето на лидерот Ахмед Ал Шара за претседател на земјата во преодната фаза, и тој ќе ги извршува должностите на претседателот на Сириската Арапска Република и ќе ја претставува на меѓународни форуми, рече Абдул Гани, за време на она што властите го нарекоа „конференција за победа“.

Тој додаде дека Ал Шара е овластен да формира привремен законодавен совет кој ќе ги извршува своите должности додека не биде одобрен и стапи во сила постојаниот устав на земјата.

Ал Шара командуваше со бунтовничкиот сојуз предводен од исламистите кој го собори долгогодишниот лидер Башар ал Асад.

Сирија е длабоко поделена откако избија протести во 2011 година против владеењето на Ал Асад и почна граѓанска војна со меѓународно учество.

Сирискиот лидер Ахмед ал Шара побара од Москва да го екстрадира поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, кој по падот на неговиот режим побегна во Москва, пренесе Еуроњуз.

Сириската новинска агенција Сана јави дека Дамаск сака Русија, која го поддржуваше Асад во граѓанската војна, да ја обнови довербата со сириските лидери преку „конкретни мерки како компензација, реконструкција и закрепнување“.

  • Новата сириска администрација по вчерашните разговори со руска делегација предводена од рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов соопшти дека истакнала оти „обновувањето на односите мора да ги реши грешките од минатото, да ја почитува волјата на сирискиот народ и да му служи на неговите интереси“.

Неименуван извор изјавил дека руската страна не сака да ги признае грешките и дека е постигнат договор само за продолжување на разговорите.

На прашањето да потврди дали од Русија било побарано да го екстрадира Асад и да плати отштета, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира.

Русија, чии војници и воздухопловни сили со години го поддржуваа Асад против сириските бунтовници, се обидува да ја задржи својата поморска база во Тартус и воздухопловната база Хмејмим во близина на пристанишниот град Латакија.