Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасен германски државјанин кој се изгубил на Скопска Црна Гора

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Германски државјанин, кој се изгубил на планината Скопска Црна Гора, е успешно пронајден во координирана акција на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), Министерството за внатрешни работи (МВР) и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што соопшти ЦУК утринава, германскиот државјанин кој немал македонски телефонски број за помош, прво се јавил во Германија по што биле алармирани македонските служби и почнала акцијата за негово спасување.

„Лицето немало јадено веќе еден ден и истото било исплашено за својот живот во мракот во планината. АМСМ имале контакт преку Германската служба за помош на пат за состојбата на изгубеното лице, но во момент на координацијата со Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) немале можност за контакт со лицето. Затоа од страна на АМСМ во ЦУК биле дадени и два странски телефонски броја од изгубеното лице. Во потрагата биле корисни и дел од информации добиени на 112 во ЦУК“, се наведува во информацијата од ЦУК.

Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје, телефонски биле известени и полициските станици Мирковци и Танушевци на коишто им била пренесена информација дека, согласно пројавените координати за изгубеното лице, тоа можеби да се наоѓа на непристапен терен за што ќе има потреба од теренско моторно возило. Истовремено од ЦУК биле информирани и надлежните на Општина Чучер Сандево за нивно можно вклучување во потрагата согласно развојот на ситуацијата и потребите на потрагата.

Германскиот државјанин е успешно пронајден околу 19:30 часот.

„Изгубеното лице било заглавено на планинскиот пат со патничко моторно возило „Tигуан“, црвена боја со германски регистерски ознаки. Според дополнителните информации, изгубеното лице продолжило да се движи пешки во правец кон некоја куќа којашто ја забележал во далечината додека се стемнувало, на околу 15-тина километри оддалеченост од него, но не стигнал до неа и се изгубил“, се наведува во соопштението.