Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италијанската влада го блокираше извозот на вакцините Оксфорд-АстраЗенека во Австралија

/

пред 2045 дена

Сподели преку :

Италијанската влада го блокираше извозот на вакцините Оксфорд-АстраЗенека во Австралија, пренесуваат италијанските медиуми.

Одлуката се однесува на 250.000 дози на вакцини произведени во подружницата на АстраЗенека во Италија.

Овој потег е поддржан од Европската комисија, објавуваат медиумите.

Веста доаѓа во време на несогласувања помеѓу официјалните претставници на ЕУ и фармацефската копанијата, која обезбеди само дел од договорената набавка на земјите-членки.

Според шемата за вакцинирање на ЕУ, која беше концепирана во јуни минатата година, унијата преговараше за набавка на вакцини во име на земјите-членки.

Во јануари, тогашниот италијански премиер Џузепе Конте ги опиша доцнењата на испораките на вакцини од страна на АстраЗенека и Фајзер како „неприфатливи“ и ги обвини компаниите за кршење на нивните договори.