Од утрово почна бојкотот на маркетите и другите трговски синџири поради високите цени. Но, граѓаните се поделени. Оние кои денеска не пазарат во маркетите, се надеваат дека бојкотот по примерот на земјите во регионот, ќе вроди со плод.
Но, велат дека треба да се бојкотираат и други услужни дејности, како што се кафулињата и рестораните.
Oние граѓани кои не бојкотираат, сметаат дека мора да се купи нешто за јадење и дека за пониски цени граѓаните треба да избираат во кој од маркетите ќе влезат.











