Околу 900 луѓе реагирале на објавениот настан за протест против загадениот воздух во Струмица. Речиси 600 лица се заинтересирани, а 300 одговориле дека ќе присуствуваат на утрешниот протест. Организаторите велат дека е важно да се покаже единствено и да се направи притисок.
Од институција до институција, граѓаните ќе пешачат и протестираат за правото да дишат чист воздух. Им прели чашата на Струмичани. Бараат итни мерки со кои ќе се најде решение.
Од Општина Струмица велат дека го поддржуваат протестот. Активистите, пак, утре ќе им достават и конкретни барања и ним и на централната власт, со кои ќе бараат да се најдат функционални решенија за намалување на загадувањето.
Сузана Мицева











