Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведена е жена која вчера прегазила пешак, а тој по укажаната помош избегал од болница

/

пред 628 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера била лишена од слобода 42-годишната С.В.М. која претходно истиот ден, околу 14 часот, на крстосницата од булевар „Кузман Јосифоски Питу“ и улица „Бојмија“, со својот автомобил „Цитроен“ удрила во пешакот 38-годишниот А.М. и потоа избегала од местото на настанот без да му укаже помош.

Како што соопштуваат од МВР, повредениот А.М. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди, a по укажаната медицинска помош заминал самоиницијативно без дозвола, и без да го информира персоналот велат од ТОАРИЛУЦ.

По наредба на јавен обвинител, С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Уште еден прегазен пешак во Скопје, возачот избегал а пешакот по укажаната помош побегнал од болница