Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хименез го потврди трансферот во Милан преку социјалните мрежи (ФОТО)

/

пред 610 дена

Сподели преку :

Милан го испрати Алваро Мората на позајмица во Галатасарај и го договори трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд.

Голгетерот ќе се пресели на „Сан Сиро“ за обештетување од 35 милиони евра плус бонуси и ќе потпише договор со „росонерите“ до јуни 2028 година со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Мексиканскиот репрезентативец веќе го потврди трансферот на социјалните мрежи со тоа што коментираше на објавата на пополуарниот спортски новинар Фабрицио Романо, а потоа и ја објави веста на својот Инстаграм-профил.

Хименез се очекува во текот на денот да пристигне во Милано на медицински прегледи, а ќе биде промовиран или во недела или во понеделник. Голгетерот кој има само 23 години сезонава во холандското првенство има седум голови на 11 натпревари, а во Лигата на шампиони пет погодоци на пет натпревари. За Феенрод има одиграно вкупно 105 натпревари со 65 голови и 14 асистенции. Претходно во Мексико играше за Круз Азул.