Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Под мотото „Забрането дишење“ денеска Струмичани протестираа низ улиците

/

пред 628 дена

Сподели преку :

Под мотото „Забрането дишење“ денеска Струмичани протестираа низ улиците и алармираа за сериозноста на проблемот со загададениот воздух. Деца со транспаренти, возрасни со гас-маски, родители со бебиња во колички и пензионери-сите заедно порачаа дека е доста и дека нема повеќе да толерираат рамнодушност по ова прашање.

  • „Струмица во континуитет е најзагаден град и тоа на веропско и светско ниво. Нема тешка индустрија за да има причинител од тој тип, а сепак загадувањето е енормно високо“, рече граѓанина на протестот.
  • „Во последно време мораше нешто да се случи за ние граѓаните да реагираме и да кажеме, вaка не може“, додаде друг граѓанин.
  • „Тешко се зборува со маска, ама тешко се зборува и навечер кога воздухот не се дише и не е чист. Мотивот е здравјето, нашето и на нашите деца“, рече граѓанин кој протестираше со гас маска на лицето.

Организаторите на протестот еко движењето „Здрава котлина“ испорачаа и барања до надлежните инсититуции. Како по најкраток и најитен пат да се пристапи кон решавање на загадувањето.

Протестната поворка тргна од градскиот парк и ги помина сите главни улици во градот за да заврши пред општинската зграда. На протесот се приклучија и политичките партии, сите поддржувајќи, никој не посочувајќи каде се надлежностите и од каде треба да почне справувањето со загадениот воздух.

Сузана Мицева